Одиме на blog.mk
31 Декември, 2009 - 18:21
Одиме на МК
По неколку месеци работа, со задоволство можеме да објавиме дека БЛОГЕРАЈ е подготвен да се пресели на нова платформа.
На www.blog.mk ве очекува чичка нов Блогерај (овој пат базиран на ВордПрес), кој се надеваме дека комплетно ќе ги задоволи вашите потреби.
Во меѓувреме www.blog.com.mk
2010
31 Декември, 2009 - 11:14
Ми предвидеа `астролозите` дека ќе треба повторно `да го извезам гобленот на вистината`... за мојот живот... за животот воопшто и за сè околу мене. Дезинформациите во кои жестоко сум верувала, ќе треба да бидат разоткриени и надминати. Што ќе биде тоа? Љубопитна сум пред време. 
Е, сега, ми пролета низ глава онаа мудрост:
„САКАЊЕ - е глагол. Чувството да сакаш некого - е плод на глаголот кога се однесуваш според него.“
Арно ама, луѓето за чувствата судат според начинот на однесување, а јас за жал, не сум во состојба да се однесувам така кон некој кој што не се однесува исто кон мене... Дали најбезболна варијанта е да си `заминам` од животот на тие луѓе и да ги оставам да си го живеат својот живот, а јас мојот?
Хм... мудрости... Една од `мудростите` што ја слушнав во животов беше: „Направи си долг, па работите ќе се наместат така за да излезат парите за да си платиш.“ Неколку пати во животов сум ја послушала оваа мудрост... и сум се заебала!

Во сенката на Ктулу
31 Декември, 2009 - 11:12
Пропаста на фундаменталните вредности, идеи и значења остави огромна празнина во душата на поединецот, кој настојува да ја пополни со консумирање храна, филмови, ТВ-серии. Апатично, празно, духовно, умртвениот поединец има потреба од силни возбудувања и затоа алчно чита таблоиди преполни со сензации, шокантни приказни, голта се' појаки дози на филмови преполни со насилство, садизам, убивање и брутален порнографски секс. Феноменот на порекнување на душата во огледалото се рефлектира во укинување на вредностите, автентичноста и автономијата на внатрешниот свет на поединецот, како и претворање на нашето себство во неприкосновен извршител, во гол инструмент за приспособување на средината. Божем „ослободени“ од културните норми, идеали, вредности и забраната за кршење на правилата, лишени од чувствата за трагично, припадниците на современото општество принудно, слепо и неповратно итаат во пропаст, во аномија, нихилизам и цинизам.
Елегија за тој што седи до тебе
31 Декември, 2009 - 11:09
на трепката на твојот образ како што заљубено паѓа по твоето лице
солза на правта е, а ние се гледаме, со погледи мешајќи вотка со шприцер
ги собрав книгите со кои ми се имаш подарено
ги полив со чоколаден прелив и шлаг
еве веќе саат и нешто џвакам и голтам,
а желудникот ни страница ми нема сварено
ама за помош земав и ацетон и лут кечап ама благ
нештата се исти, но не како порано
малку поинаку, малку полево изместено од центарот,
а малку да прошетаме на воздух,
а малку замислување како да ни е прв пат?
ти носам чинија со дезен на изгубен семир,
продаден јаглен и дотур на вар
за нова година се греам со кашлицата
која одамна не ми поаѓа од грлово, туку длабоко од стомак
некогаш мирисаше на изгорени воздишки
воздухот рони трошки од ветени колачи
јас се создавам од просторот меѓу твоите прсти
и се кријам во ноќта кога кучиња скитници се караат
како беззаби осамени баби, баби роги кои носат сонлив мрак
барам приказни, поучни, како се оставаат причини
пред куќен праг
во една мала соба покрај два мобилни
експлодира бомба и нечија рака изчезнува без траг
заљубена во трепката на твојот образ
стопени снегулки те купуваат за скршен мраз
ако ова не раѓа смисла, а нашево е изгубено
подај ми рака, се наоѓаме за век-века три-века два

* Надењка Шеќернолимонова Зузакова
БОЖИКНО ПРИМИРЈЕ
31 Декември, 2009 - 10:47
Пет месеци по започнувањето на Првата светска војна во 1914 година на западниот фронт некаде во Франција се случил необичен настан. Ноќта спроти Божик во паузата од битката англиските војници распоредени по рововите започнале да пеат божикни песни. Следното утро десетина германски војници од другата страна на фронтот излегле од рововите невооружени и со повиците „Среќен Божик“ на англиски јазик тргнале кон спротивните ровови. Тоа не било трик и Англичаните излегле да се поздрават со противниците, се ракувале а некои размениле и цигари. Овој настан подоцна наречен „Божикно примирје 1914“ се смета за еден од последните примери на военото витештво!
2009
31 Декември, 2009 - 10:21
Се прашам на крајот - по што ќе ја запомнам 2009 та? Сигурно не како Меѓународна Година на Астрономијата. Оваа година можеше да биде и година на Галилео Галилеј, бидејќи поминаа точно 400 години од денот кога тој го користеше за прв пат телескопот и не помести од центарот на вселената. Но не бидна....
Ако продолжи да се гони идеалот на вечната младост и здравјето,лајтмотивот на нашава современост, ќе треба ли конечно да се прилагодам на фактот дека масовната моќ на медиокритетството ќе најде израз во афирмирање на егоистичните вредности на перверзното? Да се прилагодам на фактот дека степенот на Дарвинизирање на светов ќе им додава гориво на бунтовните перверти и ќе ги "нормализира"?
Би рекла дека на крајот и последните Мохиканци кои веруваат во во „невидливата рака„ ќе мора да му се покорат на мнозинството и да им се препуштат на задоволствата на т.н. декаденција.

Прозорци
31 Декември, 2009 - 10:21
Се чини отапела
острицата
или раката немоќна
е веќе
или срцето се стврднало
многу
а сеуште чувствува
болка
Нашата љубов покриена
тлее
како долг сон
на искрата пред пожар
на ларвата пред
раскрилување
во осум слоеви од
најчист мир
како најчекан
ден
Наскоро прозорците
бескрвно изѕемнати
измазнети од студот
ќе бидат фотографски
плочи
но студот никогаш
нема да успее
со своите илјадници
прсти
да испише по нив
најобично
те сакам
како ти
острицата
или раката немоќна
е веќе
или срцето се стврднало
многу
а сеуште чувствува
болка
Нашата љубов покриена
тлее
како долг сон
на искрата пред пожар
на ларвата пред
раскрилување
во осум слоеви од
најчист мир
како најчекан
ден
Наскоро прозорците
бескрвно изѕемнати
измазнети од студот
ќе бидат фотографски
плочи
но студот никогаш
нема да успее
со своите илјадници
прсти
да испише по нив
најобично
те сакам
како ти